Beach House – куќа од пластични шишиња отпорна на урагани

44

Канадската градежна компанија JD Composites изгради концепт куќа од 612.000 пластични шишиња што може да издржи ураган. Beach House моментално е лоцирана во Нова Шкотска и е пример за тоа како може пластиката паметно и ефикасно да се искористи пишува, New Atlas.

Сопственици на фирмата се Дејвид Солние и Џоел Џерман, чијашто цел е на ваков начин да изградат објекти со разна намена, засолништа, канцеларии, бараки и слично.

Двајцата соработуваа со компанијата Armacell, со седиште во Онтарио, којашто ги изработи префабрикувани ѕидни панели за домашна употреба со јадро од PET пена. Токму овие панели се направени од 612.000 стопени, рециклирани, пластични шишиња.

Истите овозможуваат одлична изолација, издржливост и штитат од влага и мувла. Куќата може да се состави за неколку недели, па дури и денови.

За потребите на Beach House беа искористени над 184 панели, а градбата вклучува голема кујна, отворен дневен простор, три големи спални, две бањи, внатрешна соба за скара и тераса на покривот.

Цената за да се изгради е 373.850 долари.