BeeWeb – српски софтвер што ги поврзува пчеларите и земјоделците

23

pceli

Душан Јагличиќ и Ѓорѓе Ѓокиќ од Крагуевац ја развија апликацијата BeeWeb, која користи софтверски програм за пресметување на идеални комбинации за поврзување на земјоделците што имаат медоносни билни култури и пчелари кои ги селат своите кошници, јавува РТВ.

Јагличиќ, кој и самиот е пчелар, размислувал како на наједноставен начин да го реши проблемот со селење на кошниците.

“Тогаш дојдов на идеја дека е можно, доколку имаме податоци за сите заинтересирани пчелари кои сакаат да ги селат кошниците и податоци за сите површини под некоја медоносна култура, како на пример сончоглед или маслена репа, да се направи распоред секоја површина под сончоглед да биде оптимално покриена со одреден број кошници. Со тоа би се подобрил приносот на мед, не би било пренаселено, а во исто време ќе се подобри и опрашувањето на сончогледот, па во одредени ситуации со тоа би се зголемил приносот и до 30%”, вели Јагличиќ.

Софтверската програма е единствена ваква на светот, а главни пазари на кои ќе се пласира се САД и земјите од западна Европа. Во Србија апликацијата е бесплатна.