Бегство од големи метрополи – зошто стануваат непосакувано место за живот?

94

Над 40% од жителите во големите градови низ Европа размислуваат да се преселат на друго помало место поради пандемијата, пренесува Ројтерс.

Истражување покажува дека жителите на Лондон се најмногу склони да сонуваат за живот во помало место со повеќе паркови и останати содржини.

Половина од жителите на урбаните делови на Лондон, Париз, Милано, Мадрид и Берлин биле загрижени поради тоа што во време на пандемија живеат на места што се премногу урбанизирани, пренатрупани и дишат загаден воздух, покажува истражувањето на британската архитектонска компанија Arup.

Две петтини од испитаниците во британската престолнина навеле дека привремено отпатувале во помало населено подрачје за време на пандемијата. Во Мадрид и Милано тоа го направил секој 10-ти жител.

Лондончани најмногу посакувале да побегнат од градот, а 59% од нив сериозно ја разгледувале можноста да го напуштат градот, додека таков план имале 41% од жителите на Париз и 30% од оние кои живеат во Берлин.

Пандемијата, според истражувањето, ја нагласи потребата од близина на паркови и зелени површини до коишто може да се стигне пешки или со велосипед. На еден жител на Лондон му се потребни околу 20 минути за да дојде до некој парк или игралиштата, скоро двојно повеќе од времето што го трошат жителите на Париз, Милано, Мадрид и Берлин.

Фото: Freepik