Бејрут: Три милијарди долари штета, стотици мртви и илјадници повредени

144

Либанската престолнина ја потресе експлозија со силна разорна моќ, оставајќи зад себе стотици жртви, илјадници повредени и штета од најмалку три милијарди долари.

Тамошните власти велат дека причина за експлозијата е 2.750 тони амониум нитрат, што бил несоодветно чуван во руски брод од 2013 година.

Од експлозијата, скоро 300.000 луѓе во двамилионскиот град останале без покрив над главата, а штетите би можеле да надминат и три милијарди долари.

Инаку, амониум нитратот е во облик на бели кристали, коишто релативно евтино може да се произведат од амонијак и натриум хлорид. Многу лесно се топи во вода, а се користи како ѓубриво во земјоделието со оглед на тоа што го помага растот на растенијата.

Без примеси од амониум нитратот не е опасен, но е многу чувствителен на топлина. Доколку на едно место има поголема количина, тој почнува да се загрева. Можно е експлозијата да следела по веќе избувнат пожар во близина.

Фото: Freepik