Белгија воведува данок на естетски операции

4

sl

Белгија од 1 јануари 2016 година ќе воведе ДДВ во областа на естетската хирургија, која до сега беше неоданочувана. Од 1 јануари, ДДВ-то на естетските зафати ќе изнесува 21%, пренесува Танјуг.

Белгиската Влада ваквата одлука ја донесе уште во октомври 2014 година, но на сила ќе стапи со почетокот на следната година. Се очекува годишно во буџетот да донесе 80 милиони евра.

Воведувањето на ДДВ во областа на естетската хирургија, Владата го образложува со ставот дека ваквите услуги спаѓаат во категорија на луксузни стоки. Од данок ќе бидат ослободени естетски зафати што се прават за реконструкција на деформитети.