Белгиски Delhaize ќе продава храна одгледана на покривот

44

gradina

Белгискиот ланец супермаркети Delhaize ќе биде првиот во земјата што ќе продава зеленчук одгледан во градина на неговиот покрив, пишува Brussels Times.

Одговорните за проектот велат дека ќе се одгледуваат разни салати, шери домати и модри патлиџани во количини што дополнително треба да се одредат. Производите ќе се продаваат по пониска цена од оние огледани на органски начин, поради фактот што не се пораснати на природна почва, туку на покрив.

Урбаната градина ќе се простира на површина од 320 метри квадратни. Едната половина ќе биде на отворено, додека другата ќе претставува стаклена градина за деновите кога времето нема да биде поволно за насадите.
Delhaize работи на проектот со агрономи и експерти за одгледување на намирници на овој начин и доколку сè оди според планот, следното лето градината ќе биде посеана.