Белграѓанец во Велика Британија за идеја добил два милиони долари

122

Белграѓанецот Михајло Попеску, кој веќе 10 години живее и работи во Велика Британија, развива платформа за вештачка интелигенција што помага во истражување и анализа на однесувањето на потрошувачите, во којашто еден од основачите на Alibaba вложил два милиони долари.

Проценките се дека за околу три години ова решение ќе донесе околу 20 милиони долари годишно, пишува Блиц Бизнис.

“Кога во март со прогласување на пандемијата настапи затишје на пазарот, сопственикот на компанијата во којашто работев ми предложи да осмислам свој ‘производ“, односно некоја технологија што може лесно да ги надминува ограничувањата. Тогаш му ја кажав својата идеја што ја имав пред пет години, а којашто се однесува на тоа вештачката интелигенција да се однесува како експерт за истражување и да може на одредено барање да предложи соодветно истражување во реално време“, вели Попеску.

Во мај имале презентација на идејата и тоа пред еден од основачите на Alibaba, кој дал проценка дека вреди околу 13,2 милиони долари и дека е подготвен да вложи два милиони долари за 15% удел во компанијата.

“Пред неколку дена успеавме да го финализираме договорот и на крајот на јануари следната година би требало да го завршиме прототипот на платформата, машина што го поврзува целиот маркетинг процес – од увид до активација и таргетирање на социјалните медиуми“, објаснува тој.

Фото: Freepik