Белиот ролован и полубелиот леб од Жито Лукс отсега достапни и на парчиња

21

zito luks

Белиот ролован и полубелиот леб на Жито Лукс отсега се достапни и на парчиња. Со овој чекор најголемиот производител на леб во Македонија им го овозможи на потрошувачите омилениот леб во едноставна и практична форма за употреба и консумација.

„Континуирано ги следиме желбите на нашите консументи и се трудиме секогаш да бидеме уникатни при лансирањето на новитети на пазарот. Новата понуда на едни од најомилените лебови од Жито Лукс, белиот ролован и полубелиот леб, отсега достапни на парчиња, им овозможува на потрошувачите лесен и практичен начин за подготовка на оброк и уживањ  во нивниот омилен вкус“, изјави Даница Ническа, продукт менаџер во Жито Лукс.

Белиот ролован и полубелиот леб на парчиња направени се од пченично брашно по традиционален рецепт. Тоа им дава мека структура и златеста крцкава кора. Отсега, внимателно исечени на еднакви парчиња и спакувани во пакување што ја задржува нивната свежина нудат бројни можности за брза и едноставна употреба.