Најреткиот Bentley со две врати во модерната ера, новиот Bacalar е буквално автомобил без покрив со само две седишта наместо четири како што е случајот со Continental GTC. Дизајнот на надворешноста “влече корени“ од минатогодишниот ексцентричен EXP 100 GT концепт адаптиран од купе до barchetta дизајн. Интересно е тоа што само рачките од вратите се пренесени од Bentley Continental, a тоа е само поради системот за влез без клуч. Сите други надворешни делови се специјално дизајнирани од страна на Mulliner за Bacalar.
Автомобилот има 20 милиметри поширок заден дел во однос на Continental GT и поставен е на масивни 22-инчни тркала со завршеток во три бои ексклузивно креирани за овој спектакуларен двосед. Наместо едноставно да го постави “досадното“ лого, Mulliner се одлучи за интересна Bacalar графика на задниот панел надополнета со препознатливото бронзено “летачко B“ лого на Bentley.
И додека надворешноста на Bacalar без дилеми е специјална, внатрешноста е местото каде што Mulliner изведе “магија“ за да направи Bacalar да делува уникатно. Контролната табла користи супер редок вид на дрво кое во Bentley го опишуваат како “одржливо дрвен материјал од природно паднати дрва кои се зачувани 5.000 години во езера и реки во околината на Фенландс, источна Англија“.
Седиштата и страните од потпирачите за глава се изработени од природна ткаенина од волна, додека ткаените патосници од чиста волна го комплетираат изгледот. Како последен допир, автомобилот доаѓа во комплет во совпаѓачки сет на багажникот кој го користи истиот вез кој што се наоѓа на седиштата.
Во срцето на Bacalar се наоѓа twin-turbo 6,0-литарскиот W12 мотор, сега со моќност од масивни 650 КС и 900 Nm максимален вртежен момент. Споен е со ревидиран осумстепен автоматски менувач со двојна спојка со што се гарантираат побрзо менување на брзините и овозможува од 0 до 100 километри на час да се стигне за три и пол секунди, додека максималната брзина изнесува 322 километри на час.
Bentley планира да произведе само 12 единици на Bacalar Mulliner, a секој автомобил ќе чини 1,5 милиони фунти.
Преземено од Avtoplus.mk