Бензините поскапуваат за пола, дизелот поевтинува за еден денар

40

Бензините од полноќ поскапуваат за половина, а дизелот поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 68,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 од полноќ е 70,50 денари за литар.

Новата и намалена цена на Еуродизел (Д-Е V) оваа недела ќе биде 61 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,388 ден/кг и ќе изнесува 32,957 денари за килограм.

Фото: Pixabay