Бензинот поскап за половина денар, дизелот со иста цена

14

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар и според новата одлука на Регулаторите истите соодветно ќе изнесуваат 67,00 ден/лит, односно 69,00 ден/лит.

Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат. Дизелот и оваа недела ќе се продава за 61,00 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло ќе изнесува 51,00 ден/лит.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,763 ден/кг и следнава недела ќе биде 31,811 ден/кг.

Фото: Pixabay