Берлин им помага на техно клубовите со по 81.000 евра

34

Германската престолнина одлучи во рамки на ублажување на економските последици од пандемијата на коронавирус финансиски да ги помогне клубовите во кои се пушта техно музика, по кои Берлин е надалеку познат.

Овој вид на помош во просек е тежок околу 81.000 евра и е наменет за најпознатите ноќни клубови кои се магнет за туристите, но и локалното население. Главната идеја е да се помогне во опстојувањето на овие места, додека не се укинат сите рестрикции.

Како што пишува Local.de, помош ќе добијат 46 компании кои раководат со 46 ноќни клубови. Покрај техно клубовите помош ќе добијат и концертните сали.

Од почетокот на пандемијата, односно од 14 март, сите клубови мораа да престанат со работа.

Фото: Pixabay