Бернард Арно во трка да стане најбогатиот човек во светот

110

Извршниот директор на групацијата LVMH, Бернард Арно по купувањето на Tiffany вреди 106 милијарди долари и опасно се приближува на двајцата најбогати луѓе во светот.

Арно и неговото семејство поседуваат 47% од акциите во луксузниот гигант, пишува IB Times.

Ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс моментално вреди 107 милијарди долари, а извршниот директор на Amazon Џеф Безос има 110 милијарди долари. Безос, Гејтс и Арно се далеку зад останатите милијардери на листата.

Првиот човек на Berkshire Hathaway Ворен Бафет на сметка има 86 милијарди долари, додека извршниот директор на Facebook Марк Цукерберг има 75 милијарди долари.

Зад него е основачот на Oracle Лери Елисон кој заедно со Амансио Ортега, првиот човек на Inditeх што ја поседува Zara вредар 70 милијарди долари.

Фото: Facebook