Берзата на Саудиска Арабија се отвора за странските инвеститори

14

arabija

Берзата на Саудиска Арабија ги отвора своите врати за странските инвеститори, откако тамошната влада донесе одлука да ги отстрани сите постоечки бариери, јавува Reuters.

Оваа земја има најголем пазар на капитал во арапскиот свет, па така пазарната капитализација на компаниите што котираат на тамошната берза достигна 530 милијарди долари.

На овој начин берзата на Саудиска Арабија ќе биде една од најголемите во светот, што ќе биде отворена за странските инвеститори. Промените би требало да стапат на сила во првата половина на 2015 година.

“Мислам дека ова е исклучително позитивна вест за Саудиска Арабија. Таму има голем број атрактивни места за инвестирање, пазарот е подиверзификуван за разлика од било кое друго место на Заливот, а пазарната капитализација и количината на истргувани акции е многу поголема“, вели Санјалак Манибханду, менаџер во компанијата NBAD Securities во Абу Даби.