Берзата во 2020 година низ бројки

64

Зад нас оставивме тешка година којашто си посакавме никогаш да не се повтори. Светот падна на “колена“ пред пандемијата, којашто зад себе остави пустош, карантин, смртни случаи, рекорден број на заразени… Познато е дека инвеститорите и нивното однесување, донесување одлуки и кроење стратегии се рефлексија на моменталната состојба, минатото искуство и идните проекции.

Македонска берза се соочи со работа во турбулентни услови, а преку инфографика ги објави клучните моменти што ја одбележаа минатата година.

Па така, вкупниот промет на берзата достигна 133 милиони евра или 6,4% повеќе во однос на 2019 година. Прометот со акции во БЕСТ системот беше 92 милиони евра или 48,8% повеќе одошто во 2019 година.

Индексот МБИ10 во 2020 година се позиционираше на 4.704,85 поени или 1,2% повеќе во споредба со една година претходно.