Беше епицентар на пандемијата, а сега е најпосакувана дестинација во Кина

118

Вухан пред само неколку месеци беше симбол на пандемијата на Ковид-19, но животот за кратко се врати во нормала во овој кинески град којшто има 11 милиони жители.

Вухан е градот во којшто за првпат се појави коронавирусот во декември минатата година, а денес е најпосетуван град во Кина во текот на Националната златна недела, прослава што трае од први до седми октомври. Во градот, како што пренесува ВВС, имало скоро 19 милиони посетители во текот на празниците.

За тоа време, остатокот од светот е силно погоден од вториот бран на пандемијата, што во некои земји зарази многу повеќе луѓе одошто во првиот бран. Но, на другиот крај на светот, во овој “херојски град“, како што го нарекува кинескиот претседател, Си Џинпинг, вирусот изгледа како лош спомен, ако може да им се верува на официјалните податоци.

Кинеските власти тврдат дека во Вухан не постои ниту еден забележан случај со коронавурисот, но различни организации и експерти сметаат дела оваа изјава мора да се земе со одредена резерва.

“После Ковид-19, Вухан е препороден, посилен и повитален“, изјави Хуа Чунинг од Министерството за надворешни работи на Кина.

За да може Вухан да се “регенерира“ била потребна поддршка од националните и регионалните власти. Во август, тамошните власти соопштија дека околу 400 туристички локации ќе бидат беспатни за посетителите од целата земја до крајот на годината. Иако бројот на посетители е ограничен на 50% од максималниот капацитет, посетителите мора да ги почитуваат мерките за заштита, реакцијата била неочекувана. Бројни туристи од цела Кина го одбрале токму Вухан за свое место каде што ќе ги поминат празниците.

Трансформацијата на Вухан во туристичка дестинација може да се протолкува како способност на кинеските власти да се справат со пандемијата. Воедно, тоа е добра прилика за поддршка на туризмот што беше силно погоден од кризата.

Фото: Pixabay