Беше мотор на Европа, а сега потона во рецесија

509

Полска, најголемата економија меѓу членките на ЕУ од Централна и Источна Европа, според првата проценка на полските статистичари, се најде во првата криза од падот на комунизмот на крајот од осумдесеттите и 1990-тите.

По 0,4% тромесечен пад во првиот квартал, БДП на Полска падна за 8,9 % во вториот квартал. Полска, која има население од скоро 38 милиони, важи за една од најбрзорастечките економии во ЕУ, а избегна рецесија во последната голема финансиска и економска криза пред 10 години.

Релативно големиот домашен пазар, либералната економска политика, милијарди евра инвестиции ја водеа полската економија, но кризата со корона го запре овој позитивен тренд.

Двете последователни тромесечја со пад на БДП значи дека Полска се наоѓа во првата рецесија од преминот од комунизмот во демократија и пазарна економија.

Минатата година, Полска забележа 4,1 % економски раст. Според аналитичарите, економијата се очекува да закрепне во наредните квартали, но БДП се очекува да се намали за 3,4 % оваа година, според владините предвидувања. За следната година Европската комисија предвидува раст од 4,1 %во таа земја.

Фото: Pixabay