Бесплатен јавен превоз во Скопје сè додека не се намали загадувањето

25

Градот Скопје од утре воведува бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници за сите граѓани на територија на Скопје сè до моментот на намалување на аерозагадувањето, јави Миа.

Превозот ќе биде бесплатен сè додека нивото на аерозагадувањето не се намали до дозволеното ниво.

Град Скопје заедно со општините ќе ја интензивираат контролата на градилиштата и ЈП Комунална хигиена ќе продолжи со интензивно миење на градските улици и булевари.

Градските власти упатија апел до вработените во Град Скопје да доаѓаат на работа со автобус, а службените возила ќе се користат исклучиво градскиот инспекторат.

Согласно постојните закони не може да се воведе мерката пар – непар.