Американскиот ланец за брза храна McDonald’s смисли идеја како да ги разлади минувачите во Амстердам кога температурите уриваат рекорди.
McDonald’s во соработка со данските агенции JCDecaux и TBWA/Neboko, на почетокот на месецов во Амстердам постави билборд полн со празни чашки од десертот McFlurry. Чашките десерт се бесплатни, но само кога температурата ќе надмине 38,6 степени. На оваа температура, билбордот се отвора и минувачите имаат 100 порции, кои бесплатно можат да ги наполнат во најблискиот McDonald’s.