Бетон со добивка од 30,8 милиони денари ја заврши минатата година

26

Градежната компанија Бетон, во периодот јануари – декември 2018 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 30.871.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата оствари добивка од 32.975.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2018 година беа на ниво од 2.110.531.000 денари, додека една година претходно се позиционираа на 1.944.819.000 денари.