Без кои намирници не можат Балканците?

35

Списоците за купување на поголемиот дел од луѓето личат еден на друг, а тоа не е случајност, туку одраз на општеството во коешто живееме, навиките во исхраната што доминираат, како и куповната моќ, што најмногу влијание на различни намирници.

Дали поради традицијата или сличните преференции на потрошувачите на нашите простори, одредени намирници се наоѓаат во скоро секоја потрошувачка кошница на еден просечен жител на Балканот, анализира Seebiz.

Млечни производи

Кога една група на намирници би требало да се нарече основа покрај којашто растеме, што ја консумираме во текот на целиот живот, а ја користиме за подготовка на јадења, тогаш тоа би биле млечните производи. Млеко, јогурт и сирење се меѓу најчесто консумираните намирници меѓу Балканците. Освен тоа, во оваа група спаѓаат и намирници како што е павлака, путер, маргарин… коишто исто така често се наоѓаат на листите за пазарење.

Месо и јајца

Намирниците од животинско потекло играат важна улога во исхраната на нашите простори. Тоа првенствено се однесува на месото, што е неизоставен дел од скоро секој ручек. Освен месото, Балканците најчесто купуваат и по 10 јајца, а залихите од овој продукт најчесто ги обновуваат на секои два до три дена.

Риба

Купувањето на различни видови на риба зависи од подрачјето каде живеат Балканците. Во приморските области, рибата и морските плодови се едни од основните намирници, додека на континенталниот дел тоа и не е случај, бидејќи таму почесто се јаде речна риба и конзервирана.

Овошје и зеленчук

Поволната клима на нашите простори дава можност за одгледување на најразлични видови на овошје и зеленчук во текот на целата година. Меѓу зеленчуците, во текот на целата година се консумира компир, кромид, лук, домати, грав, боранија, грашок и слично. Кога станува збор за овошје, најзастапени се јаболка, банани и лимони, а во зависност од сезоната, се купуваат и вишни, цреши, јагоди, круши, праски, киви, портокали и мандарини.

Леб и бели печива

Лебот е една од оние намирници коишто се купуваат ако не секој, тогаш секој втор ден. Балканците не можат да ги замислат оброците без парче леб, но и други печива, како што се ѓевреци, кифли, бурек, пити и друго.

Кафе и слатки работи

Културата на пиење кафе на нашите простори е нешто што се негува со генерации. Сепак, освен за разговор, кафето се пие и за започнување на денот, на пладне, навечер и слично. Покрај кафето, слатките работи секогаш се неизоставен дел од намирниците што Балканците сакаат да ги купуваат и да ги чуваат во домовите.

Фото: Pixabay