Бездомници освоиле 50.000 евра на лото

36

Четири бездомни лица во Франција успеале преку игра на среќа да добијат 50.000 евра, соопшти францускиот оператор на игри на среќа.

Бездомниците, сите на возраст од околу 30 години, седеле пред бар од каде што излегол некој човек кој им го дал своето лото ливче што чинело едно евро.

“Беа исклучително изненадени, но и јасно размислуваа“, стои во соопштението, во коешто не се прецизира како овие добитници ќе ги искористат парите.

Добивката ја поделиле и сите добиле по 12.500 евра.