Безос и Гејтс инвестираат во ист проект

30
Business people shaking hands together

Британско – американскиот старт – ап, ZeroAvia доби нови 37,7 милиони долари за развој на патнички авион на водород, а главни инвеститори се Бил Гејтс и климатскиот фонд на Amazon, на Џеф Безос.

ZeroAvia стои зад адаптиран мал патнички авион, Piper M350, во којшто се вградени ќелии на водород како извор на електрична енергија. Авионот во септември оваа година стана прв во светот што изработи редовен лет што во целост има погон на водород.

Најголеми инвеститори, како што пренесува хрватски Bug, се Breakthrough Energy Ventures, фонд којшто инвестира во напредни енергетски проекти, чиј главен член е Бил Гејтс, како и Climate Pledge Fund на Amazon. Двата фонда заедно со уште неколку помали компании инвестираа 21,4 милиони долари во ZeroAvia, а дополнителни 16,6 милиони долари се од националниот буџет на Велика Британија, а во капиталот учествуваше и нафтената компанија Shell.

Фото: Freepik