Безос отвора бесплатна градинка за дечиња од семејства со ниски примања

50

Џеф Безос, основач на Amazon, најави отворање на првата Bezos Academy, бесплатна градинка за деца од семејства со ниски примања, пренесува Форбс.

Оваа градинка се очекува да биде отворена на 19-ти октомври во јужниот дел на Сиетл.

“Оваа училница е само почеток“, напиша Безос на Instagram. Оваа градинка ќе биде отворена пет дена во неделата за дечиња на возраст од три до пет години.

Ваква идеја Безос имал уште во ноември 2018 година, кога го основаше Bezos Day One Fund со две милијарди долари. Овој фонд има два главни приоритети: поддршка на непрофитни организации кои им помагаат на бездомници и градење мрежа на градинки. Од самото основање, фондот одобрува околу 100 милиони долари годишно.

Градинката е инспирирана од методот Монтесори, а и самиот Безос одел во таква градинка кога имал само две години.

Мрежата од градинки ќе биде управувана од непрофитна организација под името Bezos Academy.

Фото: Instagram