Безос продаде акции од Amazon вредни три милијарди долари

33

Основачот на најголемата онлајн продавница, Amazon, Џеф Безос продаде акции од неговата компанија во висина од три милијарди долари.

Досега Безос од продажба на сопствени акции заработи 10 милијарди долари. Откако го основаше Amazon во 1994-та година, Безос сè уште е најголем акционер во компанијата.

Богатството на 56-годишниот Безос се проценува на 190 милијарди долари, што го прави најбогат на планетата и според Forbes и Bloomberg.

Пандемијата му помогна на Безос да го зајакне својот бизнис и да си ја зголеми заработката, а само од почетокот на годината вредноста на Amazon порасна за над 75%.

Фото: Facebook