Безос смета дека ова е најважно за да може економијата да се врати на старата патека

68

Според првиот човек на Amazon и најбогат човек на планетата, Џеф Безос, најважно е масовно тестирање за Ковид-19 низ целиот свет, за да може економијата да се“врати на старата патека“, пренесува CNBC.

Тој го нагласил ова во годишното писмо упатено до акционерите во неговата компанија, додавајќи дека тоа правило планира да го примени и во Amazon за да се тестираат сите вработени, вклучително и оние без никакви симптоми.

Во Аmazon веќе се преземаат мерки за заштита на работниците, како што е задолжително носење на маски за лице и мерење на температура при влез во објектите. Минатата година во Amazon беа ангажирани околу 800.000 постојани и хонорарни работници, а од март оваа година, поради пандемијата, се зголеми потребата за вработени на повеќе од 175.000.

Фото: Facebook