Безжична камера за фрижидер што предупредува кога поминува рокот на продуктите

23

frizider

Фото: Smarter

Smarter FridgeCam е безжична камера за фрижидер којашто на корисниците им помага да го намалат отпадот од храна со тоа што ќе може да проверат што имаат во фрижидерот и кога истекува рокот на употреба на продуктите, пишува Guardian.

Од лондонската компанија, Smarter велат дека FridgeCam може да го претвори секој фрижидер во паметен за 129,50 долари. Безжичната камера им овозможува на корисниците да следат што има во нивниот фрижидер користејќи апликација. Исто така, камерата испраќа известувања кога фрижидерот е празен и треба да се купат продукти и нуди рецепти за подготовка на храна.

Паметните фрижидери може да чинат илјадници долари, но според компанијата Smarter, FridgeCam може да им заштеди на корисниците околу 518 долари годишно. Камерата може да се постави на било кој фрижидер, а апликацијата работи на iOS и Android оперативен систем.