Би работеле ли во вакви канцеларии?

109

Густа урбана шума во Лос Анџелес со преку 4,5 илјади метри квадратни со разни видови растенија, опкружува канцеларии коишто слободно можат да се сметаат за едни од најубавите работни места на светот.

Дело на шпанската архитектонска фирма SelgasCano, SecondHome Hollywood е креативен co-working работен простор којшто е отворен на некогашен паркинг во Холивуд.

Комплексот се состои од 60 овални стаклени канцеларии со различни димензии, опкружени со зеленило кое ќе понуди удобен работен простор за тимови помеѓу четири и 200 членови, со заеднички простории како кафетерии, бар, ресторан, конференциска сала, места за одмор и отворени тераси.

Една од најголемите градини во градот содржи 6.500 растенија, вклучувајќи и дрвја, како и 700 тони земја. Засадени се 112 автохтони видови растенија.

“Ние се обидуваме да бидеме дом за креативен претприемач од 21 век“, вели ко-основачот на Second Home Hollywood, Сем Алдентон.

Фото: Secondhome