Биди Банкар – летна школа на Охридска банка Сосиете Женерал

25

bidibankar

Охридска банка Сосиете Женерал, организира интензивна летна школа за сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски или постдипломски студии, што ќе се одржи во Охрид, од трети до 28-ми јули 2017 година, соопштуваат од банката.

Концептот на школата, како што се наведува, е интерактивен со практични и тематски предавања што ќе им помогнат на младите кадри да се стекнат со професионално искуство во различни области и кариерен развој.

Програмата на школата вклучува различни активности, како практична работа во дирекцијата и експозитурите на Банката во Охрид, тематски предавања од областа на банкарството и финансиите, обуки за меки вештини, предавачи од реномирани компании, како и многу забава, дружење и едукација.

Школата има за цел да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа, да го прошири знаењето на учесниците во повеќе области на банкарството и финансиите, потоа да ги подготви младите за пазарот на трудот преку работилници за меки вештини, како и да овозможи едномесечно дружење, забава, учење и многу интересни активности кои ќе помогнат во понатамошниот кариерен развој на учесниците.

Сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски или постдипломски студии, можат своите Апликации да ги достават на e-mail: kariera@ob.com.mk со назнака Апликација за летна школа, најдоцна до 12-ти јуни 2017 година.

Трошоците за храна и сместување во текот на времетраењето на школата, ќе бидат покриени од страна на Охридска банка Сосиете Женерал.