БиХ: Блокирани 63.692 сметки

42

bihВо БиХ се блокирани 63.692 сметки на деловни субјекти, а 38.920 фирми имаат барем една сметка под блокада, објави Централната банка на БиХ.

Најмногу блокирани сметки има во Сараево, Бања Лука и Мостар, со оглед на тоа дека во овие градови има најмногу регистрирани правни субјекти.

На списокот на субјекти со блокирани сметки се наоѓаат продавници, фризерски салони, аптеки, кафулиња и ресторани, задруги, разни агенции, рудници, месни заедници, општини, спортски друштва, автопревозници и други приватници.