БиХ добиваат 50 тони урми како донација од Саудиска Арабија

75

Амбасадорот на Кралството Саудиска Арабија во Босна и Херцеговина, Осама бин Дахел ал Ахмед, ја предаде донацијата од 50 тони урми на повеќе институции и хуманитарни организации.

“Се собравме за да почнеме проект за донација на 50 тони урми со исклучителен квалитет за граѓаните на Босна и Херцеговина. Ова е само продолжение на работат на Кралството Саудиска Арабија во областа на унапредување на хуманитарната ситуација во светот“, рекол тој.

Секоја година Саудиска Арабија организираат програма за помош на пријателски држави во светот, сака со нив да го сподели древниот земјоделски производ познат по својата нутритивна и здравствена вредност.

Помошта, како што пренесуваат медиумите во БиХ, е наменета на различни категории на граѓани во земјата.

Фото: Freepik