БиХ: Од рециклирани автомобилски гуми ќе се произведува гориво

113

avtomobilski-gumi-stari-pixabay

Фото: Pixabay

Компанијата Greta Green од Босна и Херцеговина планира да отвори погон за рециклирање стари автомобилски гуми од коишто ќе произведува гориво, пишува Radio Vitez.ba.

Компанијата планира да гради погон во индустриската зона во градот Витез, а со рециклирање на стари гуми ќе произведува дизел, бензин, тешки масла, карбон, жица и други производи што може да се добијат од тој процес.

Greta Green поднела барање за дозвола од тамошното федерално министерство за околина и туризам, а во барањето наведува дека производниот процес ќе биде еколошки, без емисија на штетни гасови, без отпадни материјали и нус производи.