БиХ: Околу 130.000 жиранти отплаќаат туѓи кредити

22

potpisnik

Во Босна и Херцеговина околу 130.000 жиранти отплаќаат рати на должниците кои во моментот на одобрување на кредитот веќе биле презадолжени, односно кредитно неспособни, пренесува Акта.ба.

Овие податоци ги изнесе Здружението за заштита на жиранти во БиХ, од каде што нагласуваат дека проблеми со отплата на туѓи кредити имаат околу 200.000 граѓани.

“Две третини од нив практично се измамени, бидејќи во моментот кога потпишувале договор, не биле запознаени со презадолженоста на должниците. Сега тие луѓе стравуваат што ќе се случи со нивниот имот“, вели претседателот на здружението Јовица Цветковиќ.

Анализите на Здружението покажуваат дека секој од жирантите годишно во просек отплаќа околу 1.000 евра туѓ долг. Најголема експанзија на сомнителни кредити, со рок на отплата од пет до десет години, се во периодот од 2005 до 2008 година.