БиХ се соочува со недостиг од ИТ кадар

31

IT

Босна и Херцеговина нема кадар од секторот на информациони технологии и компаниите коишто се поврзани со тој вид на технологија се принудени да ангажираат професионални лица од други земји, пишува Klix.ba.

“Нашата земја образува кадри кои не можат да се вработат, а во ИТ секторот нам ни недостасуваат луѓе“, вели Енис Шахиновиќ, вработен во Microsoft БиХ.

Тој смета дека приоритет е трансформација на образованието во БиХ за да може да се зголеми бројот на вработени. Според него, мора да се искористи тоа што го нудат информатичките компании коишто се присутни во БиХ и да ја прифатат праксата којашто во светот покажала добри резултати.

“Microsoft преку проекти, пракса и натпревари настојува да ги подготви студентите за потребите на пазарот. На настаните имаме предавачи, претставници на компании и студенти за да се зближат, да се запознаат и да можат да соработуваат во иднина“, додава Шахиновиќ.