Бим од Свети Николе прикажа 47,9 милиони денари добивка

28

bim-sveti-nikole

Компанијата Бим од Свети Николе, во периодот јануари – декември 2016 година, оствари позитивен финансиски резултат од 47.947.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, компанијата прикажа добивка од 31.211.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, изнесуваа 329.540.000 денари. Вкупно 154.065.000 денари се остварени на домашен, додека поголемиот дел од 175.475.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Бим од Свети Николе се занимава со производство на материјали за хидроизолација на база битумен.