БИМ Свети Николе ќе ја распределува ланската добивка

37

bim sveti nikole

БИМ Свети Николе донесе предлог одлука за распределба на добивката од 2015 година, којашто е објавена на Македонска берза.

Остварената добивка од редовно работење по оданочување за 2015 година од 31.211.299 денари се распоредува за: исплата на дивиденда на акционерите во висина од 13.466.400 денари, за успешно водење на друштвото на извршниот член од одборот на директори се издвојува износ од 107.731 денари, за инвестиции од останатата добивка во износ од 14.000.000 денари и како нераспределена добивка останува 3.637.168 денари.

Износот на нето по акција е 1.240 денари или 1.377,7 во бруто износ.

Според дивидендниот календар, последен ден на тргување со право на дивиденда е 03.05.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 04.05.2016 година.

Датум на евиденција, според којшто се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда е 06.05.2016 година. Исплатата на дивиденда за 2015 година ќе се изврши на ден 08.06.2016 година.

Главна дејност на БИМ Свети Николе е производство на материјали за хидроизолација на база битумен. Компанијата е единствен производител на битуменски хидроизолациони материјали во Македонија.