БИМ Свети Николе за девет месеци прикажа добивка од 30,2 милиони денари

27

bim-sveti-nikole

Компанијата БИМ од Свети Николе за девет месеци оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 30.289.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2015-та година, компанијата прикажа 21.298.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба остварени во периодот јануари – септември оваа година изнесуваа 228.895.000 денари. На домашен пазар се остварени 115.960.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 112.935.000 денари.

Основна дејност на БИМ од Свети Николе е производство на материјали за хидроизолација на база битумен.