Binance преговара за продажба на дел на државни инвестициски фондови

128

Берзата за криптовалути Binance преговара со државни инвестициски фондови за можно стекнување на удел во компанијата, изјави извршниот директор Чангпенг Жао за FT.

Жао верува дека таквиот потег ќе ја подобри „перцепцијата и односите на компанијата“ со различни влади и регулатори.

Тој не откри со кои фондови преговара компанијата, но рече дека „размерот не е мал и тоа нема да биде краток процес“.

Од берзата не одговорија на барањето за коментар од Insider.

Binance е најголемата берза на криптовалути во светот по обем на тргување, според CoinGecko. Сепак, компанијата е под притисок на регулаторите во Велика Британија, Сингапур, Канада, Јапонија, Германија и други земји.

Чангпенг Жао, кој ја основа компанијата, сè уште е најголем акционер. Инвестицијата на државните фондови може да значи дека Binance ќе биде подложен на туѓо влијание, што за него е загрижувачко.

„Но, тоа може да не поврзе со одредени страни, со кои сакаме да бидеме малку повнимателни“, рече тој.

Ова нема да биде прва интеракција на компанијата со државен инвестициски фонд. Според FT, филијалата на Binance во Сингапур е поддржана од Vertex Ventures, која е дел од сингапурскиот државен инвестициски фонд Temasek.

За време на форумот организиран од „Блумберг“ минатата недела, Чангпенг Жао рече дека Binance генерира повеќе од 170 милијарди долари дневно во трансакции, во споредба со помеѓу 10 и 30 милијарди долари пред две години, и дека очекуваниот приход е „за милијарди долари“.