BioNTech очекува над 12 милијарди евра приходи од вакцини

22

Германскиот производител на вакцини против коронавирус, BioNTech оваа година со американски Pfizer мора да испорача 1,8 милијарди дози, што би требало да му донесе приход од 12,4 милијарди евра.

Компанијата во првото тримесечје од оваа година имаше приходи од нешто над две милијарди евра, во најголема мера поради вакцините. Во првото тримесечје од минатата година, приходите на германската компанија изнесуваа 27,7 милиони евра.

Нето добивката на компанијата од јануари до март годинава беше 1,13 милијарди евра, додека во истиот период лани имаше загуба од 53,4 милиони евра.

Трошоците за истражување и развој се неколку пати зголемени на 216,2 милиони евра.

Фото: Pexels