Бирото за јавни набавки со олеснување за корисниците

28

pariФото: Pixabay

Бирото за јавни набавки ја претстави новата алатка – ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ, што ќе овозможи сите заинтересирани страни да можат да прават персонализирани анализи и истражувања за системот за јавни набавки или за конкретни институции или носители на самата набавка.

Целта е да се овозможи изработка на персонализирани анализи и да се дадат одговори на многу прашања поврзани со јавните набавки, а со тоа и да се создаде транспарентен и квалитетен систем на јавни набавки и граѓаните да го добиваат најдоброто, за најдобра цена од своите средства.

Исто така насоката е тие да имаат пристап до сите податоци поврзани со јавните набавки, затоа што имаат право на истото, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.