Битката за бродски контејнери ја катапултираше цената на превозот за 300%

46

Критичниот недостиг од бродски контејнери ја катапултираш цената на карго транспортот и предизвика доцнење на испораката на стоката купена во Кина. Пандемијата и нееднаквиот глобален економски раст го предизвикаа овој проблем најпрво во Азија, но потоа се погодени и други делови од светот.

Во декември спот цените на бродскиот карго транспорт пораснаа за 264% за рута од Азија до Северна Европа во однос на една година претходно, пренесува CNBC.

Цената на бродскиот превоз на товар од Азија до западното крајбрежје на САД е зголемена за 145% во однос на минатата година.

Во споредба со март минатата година, цените на контејнерскиот транспорт од Кина во САД и Европа пораснаа за 300%. Спот цените се движат и до 6.000 долари по контејнер во однос на вообичаената тарифа од 1.200 долари.

Фото: Freepik