Биткоин ќе се доближи до 100.000, а Етереум ќе пробие 5.000 долари, вели аналитичар

150

Виш стратег во „Блумберг“ верува дека Биткоин и Етереум се подготвени да растат во 2022 година, и покрај неодамнешните тешкотии на крипто-пазарот.

Во новата анализа, Мајк Мекглоун вели дека и БТК и ЕТН имаат цврсти основи на кои треба да се изградат. Тој предвидува дека тие ќе останат доминантни на крипто-пазарот во 2022 година, при што Биткоинот ќе се доближи до 100.000 долари, а Етереум ќе пробие 5.000 долари.

МекГлоун верува дека БТК е на „консолидирачки биков пазар“ и предвидува дека новите политики на Федералните резерви на САД всушност ќе бидат од корист за БТК.

Претставниците на Федералните резерви неодамна изјавија дека планираат да го намалат купувањето средства и да ги зголемат каматните стапки следната година во обид да се борат против инфлацијата.

Аналитичарот на „Блумберг“ објасни: „Очекувањата за зголемување на каматната стапка на Федералните резерви во 2022 година може да поддржат победничко сценарио за Биткоин во споредба со берзата… Причината за враќањето на ликвидноста е фактот што S&P 500 е на најшироката точка над својот 60-месечен просек во последниве две децении. Раширените пазари станаа вообичаени, но акциите и Биткоинот се чини дека се лидери во раниот пресврт. Тоа е прашање на должината на биковиот пазар и гледаме дека водечката криптовалута излегува напред“.