Биткоинот достигна рекордна вредност

25
Познатата криптовалута, биткоин, достигна вредност од  50.203 долари денеска околу 13:40 часот. Дигиталната валута го надмина прагот од 50.000 долари, иако продолжи да варира.
Неколку минути откако го достигна највисокото ниво, биткоинот повторно падна под 50.000 долари, но не значително.
Првата и најпозната светска криптовалута минатата ноќ достигна 49.938 долари, зајакнувајќи се за околу 70% во оваа година. Растот на цената на биткоинот особено се засили откако производителот на електрични автомобили Tesla објави дека вложил 1,5 милијарди долари во биткоинот и дека ќе прифати купување на нивните автомобили во оваа дигитална валута.

Ривалската криптовалута, етереум е исто така близу до своето рекордно ниво од 1.879 долари, кое го достигна минатата недела.

Покрај Tesla, биткоинот во последните месеци забележа невидена побарувачка од бројни големи и мали инвеститори, кои најавија негово прифаќање како платежно средство.

Фото: Pixabay