Биткоинот оди кон 65.000 долари

9

Најпопуларната криптовалута во светот – биткоин, постави нов историски рекорд, бидејќи се тргува по цена од околу 64.000 долари.

Така, најпопуларната дигитална валута забележа раст од 5,9% во изминатите 24 часа, според платформата Coindesk.

Во моментов, вредноста на биткоинот е околу 64.600 долари. Пазарната капитализација на биткоинот е 1,2 трилиони долари.

Фото: Pixabay