Биткоинот падна за 11,71%, колку вреди сега?

56
Биткоинот вчера падна за 11,71% на 35.544 американски долари. Биткоинот достигна вредност од 40.000 долари пред три дена, што беше ново рекордно ниво на досега.

Минатата недела Инвестиционата банка JPMorgan прогнозираше дека биткоинот има долгорочен потенцијал за огромен раст.

Тие имаат прилично храбра цена за биткоинот, тврдејќи дека најважната крипто валута во светот би можела да достигне вредност од 146.000 долари, бидејќи се натпреварува со златото како “алтернативна“ валута.

Вредноста на биткоинот во 2020 година скокна за 300%.

Фото: Freepik