Биткоинот се доближува до 60.000 долари

24

Цената на биткоинот повторно е во плус, па околу 13 часот се тргуваше со најпопуларната криптовалута по цена повисока од 59.000 долари.

Сегашната вредност на биткоинот е 59.100 долари. Во текот на вчерашниот ден, биткоинот се движеше помеѓу 56.000 и скоро 60.000 долари, што го приближи до историскиот рекорд од 61.500 долари.

Пазарната капитализација на најстарата криптовалута е сè уште над трилион долари, а вредноста на биткоинот во моментов е поголема од двете најголеми мрежи за плаќање со картички во светот, чија вкупна пазарна капитализација е 871 милијарди долари, како и трите најголеми светски банки.

Една од причините за новиот скок на биткоинот може да биде обновување на интересот на големите инвеститори за инвестирање во криптовалута.