Биткоинот се приближува кон 50.000 долари

57

Пазарот на криптовалути е шаренолик, но биткоинот има многу добра вредност. Утрово, биткоинот се тргува по цена од 49.026 долари (околу 10:30 часот), што претставува зголемување на вредноста од 0,17 %, во последните 24 часа. Кардано бележи раст од 5,96% и се тргува по цена од 2,62 долари.

Од друга страна, етереумот е во опаѓање. Неговата вредност се намали за 1,23 проценти за 24 часа, а неговата цена е 3,251 долари.

Рипл е во минус, односно е намален за 1,25 проценти, a вредноста на догкоинот  е намалена за 2,24 проценти во последните 24 часа.

Ова е највисоко ниво на биткоинот од мај, а на почетокот на оваа година го достигна својот максимален лимит кога вредеше 64.000 долари.