Бизнис бонтон: Што (не)смеете да правите ако имате бизнис партнери од САД

70

САД претставуваат една од најголемите и највлијателни пазари во светот. Доколку го разберете нивниот начин на водење бизнис и соработувате со нив, ќе имате поголеми шанси за успех и напредок.

Она по што се препознатливи Американците во светот на бизнисот е нивната непосредност и пријателско расположение дури и кон луѓе кои ги среќаваат за прв пати. Нивната комуникација подразбира лежерност, посветеност и малку хумор. Најчесто користат досетки со коишто сакаат да ги опуштат присутните и полесно да започне средбата.

Американците вообичаено не сакаат да работат во недела, па тој ден избегнувајте да договарате состанок или некоја активност. Ако добиете покана за деловен ручек, домаќинот може да ја плати сметката, но немојте да се изненадите ако треба да си го платите својот дел.

Поради нивната непосредност, можно е Американци да ги поканат своите колеги дома, бидејќи со тој гест укажуваат партнерски однос и желба за соработка.

И во САД се почитува конзервативниот дрес код, кога станува збор за формален состанок. Можно е да добиете покана за средба на некој терен за голф. Во тамошната бизнис култура тоа е сосема нормално, па може да очекувате да разговарате за бизнисот додека со палка ги удирате белите голф топчиња.

Американците имаат основна девиза – времето е пари, што се сфаќа прилично сериозно, а тоа го бараат и од своите колеги од остатокот од светот. Важат за луѓе кои не одолговлекуваат, па затоа и нема потреба процесот на договорање и преговарање да трае со месеци.

Претприемачите во САД се познати по тоа што сакаат да ризикуваат, да влегуваат во помалку познати бизниси и на тој начин да поентираат со поголем профит.

Фото: Pexels