Бизнис бонтон: Што (не)смеете да правите ако имате бизнис партнери од САД

205

Во деловниот свет важат непишани правила коишто доколку добро ги познавате и ги почитувате, бидете сигурни дека сте завршиле половина од работата. Ако вашите соработници, бизнис партнери, потенцијални клиенти, инвеститори… се од Америка, овие совети ќе ви бидат посебно од корист.

Според американскиот бизнис бонтон, поздравот и запознавањето се проследени со ракување. Американците, во знак на пријателски поздрав, удираат по рамо. Ако на средбата има поголем број луѓе, тогаш поздравот важи за сите, без ракување.

Кога се работи за деловната комуникација, особено кај состаноци и заеднички средби, жителите на САД претпочитаат таа да биде неформална и непосредна. Сакаат на луѓето да им се обраќаат по име, без оглед на нивната возраст и титула. Американците се свесни дека “времето е пари“, па затоа нивната цел се сведува на профит.

Се ориентираат кон резултатите и сите свои активности ги насочуваат кон остварување на целите што ги имаат. Поради тоа, не толерираат несериозност, доцнење и непосветеност на работата. Иако се непосредни, тоа не смее да се протолкува дека се неодговорни или помалку сериозни. На состанок со Американци не е чудно и да се прекине средбата со некој телефонски повик, а кажување соодветен виц се смета за добар манир.

Во американската деловна култура, жените се рамноправни со мажите, па често заземаат водечки функции во компаниите. Деловните дами од САД се сметаат дека се подеднакви со бизнисмените, па затоа не сакаат некој да биде премногу галантен кон нив.

Кога се анализира начинот на облекување, треба да се земе предвид дека неутралните тонови и формалната гардероба имаат предност пред спортската и полежерна облека. За мажите се преферираат одела во темни нијанси, а жените комплети со смирени бои и потпетици не повисоки од четири сантиметри.

Во САД се зборува американски англиски (American English), па доколку некој странец им се обраќа со британски акцент (British English) ќе го сметаат за навреда.

Фото: Pixabay