Бизнис бонтон: Што (не)смеете да правите ако имате бизнис партнери од Србија

81

Србите имаат сличен менталитет како нас, имајќи предвид дека делиме слична историја, традиција, култура…

Ако имате состанок со бизнис партнери од Србија, во тој случај поздравот секако оди со силно ракување и остварување на првиот контакт очи в очи. Кога станува збор за процес во којшто треба да се преговара за да се утврдат точките на заедничка соработка, треба да се знае дека имаат силен преговарачки стил и вештини за тргување.

Бидејќи и тие како нас, градат непосредни врски во комуникација со луѓето, не е невообичаено да ги поканат своите бизнис партнери дома. Во тој случај, од учтивост може да понесете некој симболичен подарок, како што е шише вино, кутија со чоколади и слично.

Деловните ручеци и вечери се исто така пракса особено кога имаат колеги или соработници од странство. Понекогаш дури и најдобрите зделки се склучени во некој кафеански амбиент, со обилна храна и музика.

Во поглед на начинот на облекување, го прифаќаат формалното и конзервативно облекување, што е прикладно за деловна средба. Се прецизни кога станува збор за одбраната локација и време кога е закажан состанокот.

Фото: Pexels